Нападите врз мировниците во Либан би можеле да бидат воено злосторство, предупреди шефот на ОН
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш предупреди дека нападите врз мировници може да претставуваат воено злосторство, изјави неговиот портпарол Стефан Дужарик, откако израелски тенкови ја скршија капијата на мировната база на ОН во јужен Либан.
Ова е уште едно обвинување против Израел за прекршување и напади врз мировната мисија на ОН – УНИФИЛ – во изминатите неколку денови.
„Мировниците на УНИФИЛ остануваат на сите позиции, а знамето на ОН продолжува да се вее“, се вели во соопштението на Дужарик.
„Генералниот секретар повторува дека персоналот на УНИФИЛ и неговите локации на кој било начин не смеат да бидат цел на напади. Нападите против мировниците се во спротивност со меѓународното право, вклучително и меѓународното хуманитарно право. Тие може да претставуваат воено злосторство“, додаде тој.