Утре колективен погреб за настраданите во поплавите на подрачјето на Јабланица

Утре во 14 часот ќе се изврши колективен погреб на настраданите од поплавите во месноста Доња Јабланица, потврдија од Исламската заедница (МИЗ) од Јабланица.

Церемонијата ќе ја предводи реисул-улемата на Исламската заедница во Босна и Херцеговина, Хусеин Кавазовиќ, а погребите ќе се извршат на гробиштата во Доња Јабланица, Џевор и Злат, објави порталот Кликс.

Обилните врнежи ја погодија Северна Херцеговина и Централна Босна на 4 октомври, предизвикувајќи поројни поплави и лизгање на земјиштето. Досега се пронајдени 17 тела во Јабланица и три во Коњиќ, а се трага по уште пет исчезнати лица, јавуваат српските медиуми

Back to top button
Close