Млада девојка почина на работното место во Букурешт, шефовите не сакале да викнат брза помош!
27-годишна девојката починала во својата канцеларија во Букурешт како последица на срцев удар. Прретходно иако се жалела дека и е многу лошо, шефовите не ја пуштиле да го напушти работното место.
Според медиумите, девојката изгубило свест на почетокот на работното време, пред десетина дена. Меѓутоа, претпоставените одбиле да повикаат брза помош, ниту пак ја пуштиле младата жена да си оди дома.
Дури откако се онесвестила по втор пат, биле повикани лекарите, но веќе било доцна.
Според Обсервер, станува збор за издавачка куќа со околу 100 вработени, а до неодамна повеќето работеле од дома. Меѓутоа, неодамна сите добија наредба да се вратат во канцеларијата, што доведе до конфликт.
Според извештаите и биле дадени таблети калциум, а околу 13.00 часот повторно изгубила свест.
Само што падна од столот и почна да повраќа. Дури потоа колегите повикаа брза помош. Кога дојдоа лекарите почнаа со реанимација, бидејќи таа беше во несвест и веќе не дишеше“, тврди сведокот.