МВР со први детали, еве која е причината за пукањето вечерва во Чаир

Денеска (14.10.2024) околу 18.10 часот од ГОБ „Св.Н. Охридски“ во СВР Скопје е пријавено дека во болницата бил донесен повреден Е.А. (35) од Скопје, со прострелна рана во ногата.

Повредениот бил донесен од страна на неговиот брат, кој појаснил дека додека Е.А. се движел пеш по ул.„Христијан Тодоровски-Карпош“ во Скопје му се приближило едно лице кое му пукало во ногата, најверојатно поради должничко-доверителни однос, велат од МВР.

Back to top button
Close