Момчето-убиец со качкет излезе од болницата. Полицијата направи жив ѕид и го сокри зад бел параван

Момчето убиец од Основното училиште „Владислав Рибникар“ утрово беше изнесено од психијатриската болница каде било сместено откако во мај минатата година го избрши масакрот во училиштето. Полицијата и болничарите поставија бел параван на влезот за никој да не го види, а потоа направија жив ѕид од нивните тела додека тој излегуваше од болницата и влегуваше во амбулантното возило.

За неколку секунди влезе во возилото и бешеноднесен во зградата на Специјалниот суд каде денеска ќе продолжи да дава исказ на судењето на неговите родители Миљана и Владимир Кечмановиќ. под обвинение дека чувале необезбедено оружје и го научиле да пука.

Планирано е за денеска тој да продолжи да одговара на прашањата на членовите на семејството на жртвите, како и на прашањата на неговите родители.

Back to top button
Close