Ден на жалост во Велес поради тројцата настрадани во сообраќајката кај Катланово

Советот на Општина Велес денеска донесе едногласна одлука, утрешниот ден, 18 октомври 2024 година, да го прогласи за Ден на жалост поради трагичната смрт на тројцата сограѓани во сообраќајната несреќа што се случи вчера, на 16 октомври 2024 година, на автопатот Скопје – Велес кај Катланово.

Како што информираат од Општина Велес, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски манифестации закажани за утре, се одложуваат, а угостителските објекти кои се на територијата на општината ќе емитуваат сериозна музика.

Инаку, вчера во сообраќајка загинаа А.Н.(37), Ј.А.(47) и Д.Ц.(66), сите од Велес.

Од овој град се и лицата кои се здобија со тешки телесни повреди – возачот на комбето О.Д. и сопатниците З.С.(59), В.З.(67), Н.Н.(33) и Б.П.(41).

Според информациите од МВР, до несреќата дошло кога комбето во кое се превезувале излетало од патот и се превртело

Back to top button
Close