Германска армија: Германски воен брод од составот на УНИФИЛ собори дрон кај либанскиот брег

Германски воен брод кој дејствува во рамки на мировната мисија на ОН во Либан (УНИФИЛ) денеска собори беспилотно летало во близина на брегот на таа земја, соопшти германската армија.

Ова е прв ваков случај по избувнувањето на војната меѓу израелската армија и либанскиот Хезболах и откако мировните сили на ОН објавија дека израелските сили раниле пет нивни припадници.

Дронот бил соборен бидејќи бил во близина на германскиот брод.

Портпаролот на УНИФИЛ, Андреа Тенети изјави дека „во согласност со процедурата, биле применети електронски контрамерки и дронот сам паднал и експлодирал“.

УНИФИЛ, чии 10.000 војници се во јужен Либан, повикува на прекин на непријателствата меѓу израелската армија и проиранскиот Хезболах

Back to top button
Close