Двајца загинати по израелски напад северно од Бејрут

Две лица се убиени во израелски напад северно од либанскиот главен град Бејрут, соопштија денеска властите.

Според либанското Министерство за здравство, нападот во претежно христијанската област околу Џуние бил насочен кон возило.

Меѓу жителите избувна паника, а очевидците изјавија дека претходно мислеле дека се безбедни од израелските напади.

Ова е првпат Џуние да биде погоден од избувнувањето на борбите меѓу Израел и милицијата Хезболах поддржана од Иран пред повеќе од една година.

Либанското Министерство за здравство, исто така, извести за напад во селото Зефта на југот на земјата, во кој загинаа три лица, а едно беше повредено.

Според либанските медиуми, напади имало и во текот на ноќта и во раните утрински часови во областа околу крајбрежниот град Сидон и градот Набатие на југ, како и во Бинт Џубаил недалеку од границата со Израел

Back to top button
Close