Ангов: Не општината, туку Министерството е виновно што Дојранското Езеро не се полни со вода

„Одговорноста за нефункционирањето на хидросистемот за полнење на Дојранското Езеро е во Министерството за животна средина, а не во Општина Дојран. Министерството за животна средина е надлежно и одговорно за управување, финансирање и функционирање на овој хидросистем“, објави денеска на Фејсбук градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, по повод објавите и загриженоста од страна на граѓани за намалувањето на нивото на водата во езерото.

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber

Ангов додава дека Општина Дојран во повеќе наврати има испраќано барања во кои се наведува итноста за пуштање во употреба на Хидросистемот „Ѓавато“.

-Се одржаа и неколку состаноци на кои се утврди дека е прво потребна реконструкција, па пуштање на истиот во функција, а за сето ова беше потребно да се обезбедат средства со ребалансот на Министерството за животна средина, но со ребалансот во август месец оваа година истото не беше направено. Поради тоа, подготвена е и информација до Владата со која очекуваме да наидеме на разбирање и во најбрз можен рок да се стави точка на дневен ред и по истата да се донесе одлука со која ќе се наложи на Министерството за животна средина да се алоцираат средства за реконструкција и пуштање на хидросистемот во употреба, наведува Ангов.

Заради тоа, тој повикува на почнување најголема кампања досега за Дојран, за езерото, без политики и поделби, туку заедно и сплотени да се постигне целта да се стави хидросистемот во функција и затоа на 9-ти идниот месец ги поканува сите на голема еколошка акција за расчистување на крајбрежието и почеток на заедничка борба за спас на Дојранското Езеро.

Back to top button
Close