Петровска: Најголем срам – ДПМНЕ стави тренер по кик-бокс за директор на АНБ и не почестија со фалсификуван сертификат

„Изборот на Бојан Христовски за директор на АНБ под сомнителни околности и со сомнителен сертификат за познавање на англиски јазик е најголем срам, но и понижување на државата и професионалците кои животот и работниот век го поминале во безбедносно-разузнавачката заедница. Од сите професионалци, ДПМНЕ го одбра тренерот по кик-бокс за директор и не почестија со фалсификуван сертификат“.

Ова меѓу другото денеска на прес-конференција во Собранието го изјави пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска за именувањето на новиот директор во една од најголемите безбедносни институции во државата.

Петровска рече дека СДСМ добиле прашања од свиркачи кои се дел од безбедносниот сектор:

– Каде бил Бојан Христовски на денот на полагањето? Каде престојувал ден или неколку дена пред датумот на полагањето? Што тој знае за скандалозните помилувања? Ова се прашања од јавен интерес – кажа пратеничката.

СДСМ најавува поднесување иницијатива до претседателот на собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ и АР за свикување на седница, на која ќе биде повикан и Христовски.

– Од таа седница, јавноста ќе може да се увери дека после оставката на Комисијата за помилување, кои беа наместени од структури на ВМРО-ДПМНЕ, треба да следи уште една оставка – овој пат во интерес на државата, а не партијата, додаде Петровска

Back to top button
Close