Одземени телефони и забрана за снимање на новинарски екипи на судењето против поранешениот претседател на згаснатото бугарско здружение „Ванчо Михајлов“, Љупчо Георгиевски
Судијката во Основниот суд во Битола, Цветанка Никодиновска, денеска не дозволи снимање и фотографирање на судењето против поранешениот претседател на згаснатото бугарско здружение „Ванчо Михајлов“, Љупчо Георгиевски, иако новинарите на ТВ Телма и порталот „Сакам да кажам“ имаа акредитација од Врховниот суд на Македонија, пренесе Телма.
Таа го попречи известувањето на медиумите со тоа што забрани камери да влезат во Судот и побара да им бидат одземени мобилните телефони на новинарите, а забрани да ги користат дури и во холот на Судот, пред да почне судењето. Потоа, кога расправата беше при крај, ги спречи екипи на ТВ Телма и „Сакам да кажам“ да ја напуштат судница и се закани дека следниот пат нема да им дозволи да присуствуваат.
Во решението издадено од Врховниот суд пишува дека се одобрува снимање и фотографирање на судскиот процес по предметот К 289/23, а даденото одобрение од страна на Претседателот на Врховниот суд е со важност до завршување на расправата по предметот. Ако снимањето е одобрено, советот на главната расправа може од оправдани причини да одлучи одделни делови да не се снимаат, но никаде не е наведнео дека се забранува снимање на расправата