Шпанската влада со денови била предупредувана дека е можен мигрантски бран во Сеута

Повеќе воени и цивилни разузнавачки неименувании извори тврдат дека владата на Шпанија со денови била предупредувана на ризик од масовно доаѓање на мигранти во северноафриканската енклава Сеута, објави „Евроњуз“.

Разузнавачките служби алармирале дека кралот на Мароко, Мухамед VI, по повод Денот на тронот би можел да биде „великодушен“. Веднаш потоа пристигнале извештаи дека луѓе со автобуси се превезуваат до границата, а мигранти пливаат од Фнидек до Сеута. Службениците на терен тврдат дека мароканската жандармерија не презела ништо додека мигрантите пливајќи или качувајќи се на оградата се обидуваат да влезат во Сеута.

 

„Евроњуз“ истакнува дека десетина дена пред кризата во шпанската енклава, во Сеута допливале околу 1.000 луѓе, што разузнавачите го оцениле како тест на мароканските власти. Потоа уследи мигрантскиот бран, при што пристигнале од 60.000 до 75.000 луѓе. Според податоци на шпанското Министерство за внатрешни работи, околу 53.000 луѓе следните денови се вратиле во Мароко.

 

Припадниците на шпанската Цивилна гарда и полицијата наместо да ги запрат мигрантите тие им пружале помош на повредените. Исто така се критикува и Мадрид, кој веднаш не ја испратил армијата, иако воените единици во Сеута и Мелиља биле во состојба на готовност.

Како една од причините за мигрантскиот бран се наведува и пресудата на шпанскиот Врховен суд, со која се забранува мигрантите, кои пристигнале на шпанска територија со пливање, веднаш да бидат вратени.

Премиерот на Шпанија, Педро Санчез мигрантскиот бран го оцени како „повред на територијалниот интегритет на Шпанија“, а за инцидентот ги обвини шверцерите на луѓе, кои ја искористиле пресудата на Врховниот суд и поттикнале илјадници луѓе да се обидат да влезат во Сеута.

фото: ЕПА

 

 

Back to top button
Close