Аргентина: Три лица обвинети за смртта на Лијам Пејн
Аргентинските власти обвинија три лица во врска со смртта на пејачот Лијам Пејн, објави Обвинителството. Меѓу обвинетите се лице наводно блиско со Пејн, хотелски работник и осомничен дилер на дрога.
Пејачот почина на 16 октомври по пад од балкон на третиот кат на луксузен хотел во туристичката населба Палермо во Буенос Аирес. Неговото тело е пронајдено во внатрешниот двор на хотелот „Касасур“.
Алкохол, кокаин и антидепресиви на рецепт биле пронајдени во крвта на Пејн по неговата смрт, соопштија надлежните.
Подоцна полицијата извршила рација во одморалиштето. Запленети се предмети, како компјутерски хард-дискови и снимки од камерите на хотелот