(Видео) Битиќи: Буџетот е за конфор на власта, има пет пати повеќе пари за мебел а нема за граѓаните

– Во ситуација кога граѓаните едвај го покриваат крајот на месецот, кога чекаат со часови за здравствена нега, Владата одлучува дека „приоритет“ за наредната година ќе и биде и – купувањето на мебел. Додека болниците се распаѓаат, а училиштата имаат потреба од основни ресурси, оваа власт предвидува да потроши неверојатни 106.970.000 денари за нов мебел, што е речиси петпати повеќе од тоа што е потрошено годинава. Се поставува прашањето – за кого е овој мебел? За новите партиски административци кои се оддалечени од реалните потреби на граѓаните? Ова не е буџет за граѓаните, ова е буџет за комфорната зона на партиската бирократија! И не се застанува овде. Кога ќе видиме колку се планира да се потроши за нови возила, јасно е дека фокусот на Владата е удобноста на нејзините функционери. Со нови задолжувања се предвидуваат дополнителни 10 милиони денари, и уште милиони од донации за луксузни возила. Вкупно, над 7,5 милиони евра се предвидени за нови возила. Ова значи повеќе возила и мебел за владините функционери, а помалку пари за здравјето, образованието и квалитетот на живот на граѓаните“, рече Битиќи

Наместо да се насочи кон создавање на одржливи можности за бизнисот, кој е основа на нашата економија, Владата одлучи да го затвори фискалниот простор што би можел да го поддржи приватниот сектор во времиња на економски предизвици.

Битиќи потенцираше дека доколку овој предлог буџет ја добие поддршката од мнозинството пратеници, тогаш тоа е одлука со која земјата ќе се запечати како единствена од регионот која е фискално неконсолидирана со дефицит над 3% од БДП. Оваа Влада нема намера за финансиска консолидација, па место тоа, го затвора фискалниот простор.

– Во овој буџет нема план за зголемување на продуктивноста и конкурентноста на македонската индустрија, нема предвидени средства за технолошка модернизација и иновации. Ова не е буџет кој поддржува напредок, ова е буџет кој го стагнира македонското стопанство и ни го одзема правото на економски раст и развој. Недомаќинското однесување уште повеќе загрижува што се случува во услови на високо ниво на јавниот долг кој ќе ја надмине границата од историски највисоко ниво на јавен долг од 70,8%., рече Битиќи.

Во однос на оптимистички планираниот раст на БДП од 3,7%, имаме неусогласеност со реалните економски текови, за кои, на пример Светската банка оценува дека ќе резултираат со раст од 2,5%, а Народната банка очекува 3,3% раст на БДП.

-Ова значи дека ќе имаме отстапување од она што Владата го скицирале како економски резултат кој треба да го испорача предлог буџетот. Имавме еден предизборно „надуван балон“, кој брзо ќе пукне и ќе остави само долгови и разочарувања. Ова е буџет без амбиција да создаде одржлива додадена вредност за македонската економија и загрижувачкото зголемување на буџетскиот дефицит до 4% од БДП, што Владата го избра како пат, неводејќи грижа дека со оваа буџетска дупка од 672,3 милиони евра ќе се создава товар кој ќе го сносат идните генерации, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи.

Back to top button
Close