Самарас исфрлен од „Нова демократија“, но не сака да замине тивко
Поранешниот премиер Андонис Самарас (73) е исклучен од владејачката партија Нова демократија бидејќи ги критикувал одлуките на владата за односите со Турција, пишува АФП.
Владиниот портпарол Павлос Маринакис изјави дека Самарас „искажал целосно несогласување со целата актуелна политика на Владата“. Дополнително, ги извртуваше изјавите на министерот за надворешни работи, кои повеќепати на исцрпен начин беа разјаснети“.
„Тоа ниту може да се толерира, ниту да се прифати. „По втор пат од 1993 година, Самарас самиот се стави надвор од Нова демократија“, додаде портпаролот.
Самарас, кој беше министер за надворешни работи, беше разрешен во 1992 година од тогашниот премиер Констандинос Мицотакис, татко на Кирјакос Мицотакис, поради неговиот бескомпромисен однос и политички разлики во спорот со Република Македонија.
Самарас беше и премиер од 2012 до 2015 година.
По повод исклучувањето од Нова демократија, Самарас денеска изјави дека „одлуката на Мицотакис се објаснува со ароганција и очигледна неприсебност“.
Самарас го обвинува Мицотакис дека е отсечен од партиската база и дека раководи со партија која малку наликува на она што е Нова демократија и што се залага.
Тој го предизвикува Мицотакис да му каже каде е погрешна неговата критика за владините политики и постапки, јавува Катимерини.
„Ароганцијата и очигледното губење на нервите го објаснуваат потегот на Мицотакис.
„Нека ни каже каде грешам. За грчко-турските односи, кога токму вчера генералниот директор одговорен во МНР поднесе оставка? За тешкотиите со кои се соочуваат граѓаните во справувањето со инфлацијата? За агендата што тој самиот ја внесе во Грција и сега, по изборот на Трамп, тој одеднаш зборува за тиранијата на малцинствата? …Или затоа што го предложив Костас Караманлис за претседател на Републиката?
„Жртвував сè за татковината, дури и моето здравје. Но, никој не може да ме принуди да ја жртвувам мојата совест. Народот и историјата ќе ни судат сите“, вели Самарас откако беше исфрлен од партијата.