САД со нова воена помош за Украина во висина од 275 милиони долари

САД ќе обезбедат нов пакет воена помош за Украина во вредност од 275 милиони долари, соопшти американското Министерство за одбрана.

– Пакетот вклучува муниција за систем за ракетни фрлачи (ХИМАРС), кој има дострел од околу 80 километри. Во пакетот се вклучени и дронови, противтенковско оружје, артилериска муниција од 105 и 155 милиметри, соопшти Пентагон.

САД се најголемиот снабдувач на оружје за Украина. Според податоците на Пентагон, од февруари 2022 година во Украина испратена е воена помош со вкупна вредност од над 60,4 милијарди долари.

Back to top button
Close