Горан Весиќ уапсен поради падот на настрешница на Железничка станица во Нови Сад
Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека вкупно 11 лица се уапсени и приведени во врска со трагедијата во Нови Сад кога падна настрешницата на Железничката станица во Нови Сад.
Меѓу нив е и Горан Весиќ.
Да потсетиме, Горан Весиќ поднесе оставка од функцијата министер за градежништво, транспорт и инфраструктура. Тој поднесе оставка пет дена по трагедијата што се случи во Нови Сад во која загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.
„Дадов оставка од функцијата министер за градежништво, транспорт и инфраструктура во Владата на Република Србија. Дадов оставка како одговорен човек кој со личен пример сака да покаже дека во денешна Србија има морална одговорност поради страшната трагедија која се случи во одделот на кој раководам