Уставни измени во Никарагва за зголемување на ингеренциите на претседателот Ортега и неговата сопруга

Парламентот на Никарагва вчера одобри измени на Уставот со кои се прошируваат ингеренциите на претседателот Даниел Ортега, а неговата сопруга Розарија Муриљо, досега потпретседателка сега ќе биде копретседателка на државата.

Уставните измени се на предлог на Ортега, а Парламентот, кој е под контрола на левичарската владејачка партија Сандинистички фронт за национално ослободување, едногласно ги одобри.

Со уставните измени се продолжува и претседателскиот мандат од пет на шест години.

Ортега (79) Е поранешниот герилец кој ја водеше Никарагва во 80-тите години од минатиот век, повторно е на власт од 2007 година. САД, Европска Унија и земјите од Латинска Америка го обвинуваат за воведување автократија. Тој е под санкции за кршење на човековите права.

Според текстот на реформата, „Претседателството на Републиката се состои од еден копретседател и еден копретседателка“ кои ќе се избираат на шест години.

Двајцата лидери ќе ги координираат „судските, законодавните и изборните тела“, како и органите кои управуваат со регионите и општините, додека според претходниот Устав тие се сметаа за независни.

Back to top button
Close