Двајца загинати во рускиот напад на Суми
Двајца цивили загинаа во рускиот напад врз украинскиот град Суми, соопшти денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Во видео објавено на социјалните мрежи, украинскиот претседател рече дека е во тек спасувачка операција на местото на несреќата.
– Веројатно има уште едно лице под урнатините, рече тој.
Зеленски информира дека во нападот биле оштетени и куќа и градинка.