Видео: Свирежи, песна и оро – колони автомобили блокираа делови од Скопје, се славеше Денот на албанското знаме
Свирежи, песна, рафални пукотници и колони возила можеше да се видат и слушнат вечерва во делови од Скопје каде се славеше Денот на албанското знаме.
Од возилата кои се движеа полека по скопските улици можеше да се видат граѓани кои излезени од прозорците или качени на покривите виорат албански знамиња.
На одредени улици во Скопје граѓаните беа излезени од автомобилите и играа оро.
Во центарот на градот забележително беше и засилено полициско присуство.
Денот на албанското знаме денеска беше одбележан и во други градови каде мнозинството граѓани се етнички Албанци.