Синот на Бајден за помилувањето: Ги признав и преземав одговорност за моите грешки во најтемните денови на мојата зависност
Американскиот претседател Џо Бајден го помилува својот син Хантер, воочи пресудата за недозволено поседување огнено оружје, лажни изјави при проверка на оружјето и за затајување данок
Објавена е изјавата на неговиот син Хантер Бајден:
„Ги признав и преземав одговорност за моите грешки во најтемните денови на мојата зависност – кои потоа беа искористени за јавно да се понио моето семејство“, се вели во соопштението.
„Никогаш нема да го земам здраво за готово помилувањето што ми беше дадено и ќе го посветам животот што повторно го изградив за да им помагам на оние кои се уште се болни и страдаат“, рече тој