Кремљ: Ситуацијата во Јужна Кореја е загрижувачка
Кремљ прогласувањето на воена состојба во Јужна Кореја го нарече „загрижувачко“, пренесоа руските медиуми.
Портпаролот на претседателот Владимир Путин, Дмитриј Песков, за агенцијата Интерфакс изјавил дека „ситуацијата е загрижувачка“ и оти Кремљ „внимателно ја следи“.
Јужнокорејската војска претходно соопшти дека ќе ја одржува воената состојба додека не ја укине претседателот Јун Сук Јеол, и покрај тоа што националниот парламент гласаше против спроведување на декретот.
Претходно беше јавено дека јужнокорејските војници по гласањето во Парламентот ја напуштаат зградата на собранието, а тоа го потврди и претседателот на Националното собрание на Јужна Кореја.
Војниците влегоа во зградата веднаш по прогласувањето на воена состојба од страна на претседателот.