Автомобил удри во четворица малолетници кои туркале друго возило, тешко повредени пренесени во болница

Автомобил удрил во четири малолетни лица кои туркале друго возило на регионалниот пат во с.Босилево, струмичко. Во несреќата тешко повредени се две малолетнички и возачот на автомобилот, кој што удрил во нив.

На 04.12.2024 во 17.25 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат во с.Баница, струмичко, патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.С.(38) од с.Баница, струмичко, удрило во четири малолетни лица од с.Баница, кои во моментот туркале патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.М.(46) од с.Баница, а потоа удрило во бетонски ѕид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле две малолетнички, а со телесни повреди се здобил возачот В.С., констатирани во Медицинскиот центар Струмица.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.

Back to top button
Close