Ловец починал откако мечка паднала од дрво врз него

Човек од американската сојузна држава Вирџинија починал откако мечка паднала од дрво врз него – застрелана од друг ловец од дружината.

Несреќата се случила на 9 декември во Округот Луненбург, според соопштението на Одделот за диви животни во Вирџинија. Ловџиите следеле мечка којашто се качила на дрво. Додека тие се оддалечувале од дрвото, еден од нив ја застрелал мечката. Животното во тој миг паднало врз ловџијата кој стоел на три метри од коренот на дрвото. Жртвата е идентификувана како Лестер Ц. Харви од Феникс, Вирџинија, САД, 58-годишен.

Иако еден од ловците му укажал прва помош на Харви, и несреќниот ловец бил пренесен в болница, тој, сепак, починал на 13 декември.

Вакви несреќи имало повеќе последниве години. Во 2018 година, на Аљаска, маж претрпел повреди опасни по живот, откако неговиот партнер за лов застрелал мечка на гребен. Животното се стркалало кон човекот, а тој бил погоден и од камења покрај мечката. Уште еден човек бил повреден во 2019., откако неговиот партнер за лов застрела мечка на дрво во Северна Каролина. Мечката паднала од дрвото и почнала да го гризе ловџијата. Човекот и животното потоа паднале од карпата. Тој е пренесен в болница, а мечката била пронајдена угината.

Back to top button
Close