Скопје утрово најзагаден град во Европа
Утрово Скопје се најде на првото место на загадени градови во Европа, според податоците на специјализираната страница за мерење на квалитетот на воздухот „IQAir“. Индексот на загадување изнесува високи 178.
На листата најзагадени градови во светот прв е Делхи, потоа следуваат Лахор, Акра, Дака, Кабул, а потоа е Скопје.
Од европските градови во листата на топ десет најзагадени градови, нема ниту еден. Следна е Приштина која е на 27-мо место во светски рамки со индекс на загадување од 111.
Според Светска банка, загадениот воздух годишно убива околу 2 800 граѓани на земјава, а жителите на Скопје и Тетово се изложени на значително повисоки нивоа на токсични ПМ 2,5 честички, во споредба со граѓаните во земјите од Западна Европа.