Русија: Во украински напад убиени шест лица во Курск
Украина изврши напад со американски проектили на градот Ријалск во руската погранична област Курск, при што загинаа шест лица, меѓу кои и едно дете, соопшти локалниот гувернер Александар Кинштајн.
„Како последица на нападот со HIMARS проектили, повредени се десет лица, меѓу кои и 13-годишно дете, кои се хоспитализирани“, изјави Кинштајн, пренесува агенцијата Асошиејтед прес.
Неколку часа пред нападот, во руски балистички ракетен напад на главниот град на Украина, Киев, загина едно лице, а 13 се повредени. Нападот ја остави украинската престолнина без греење во стотици згради, болници, училишта и градинки.
Русија соопшти дека нападот е одмазда за украинскиот ракетен удар врз пограничниот регион Ростов, во кој беа користени американски и британски проектили