ФОТО/ВИДЕО: Пронајдени над 75 000 парчиња пиротехника во претрес во тетовско
МВР соопштува дека денес службеници од СВР Тетово извршиле претреси на неколку локации со судска наредба. Претресите се одвивале во домовите и просториите во сопственост на Б.А. (40) и М.Д. (43), како и во три импровизирани тезги на С.М. (35) и Ј.Н. (56).
СВР Тетово открило вкупно 75 889 парчиња пиротехнички средства и 346 килограми тутун. „Лицата се лишени од слобода и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави“, соопштуваат од МВР.