Во Бaнско лавина затрупа повеќе лица, загина 25 годишно момче
Дваесет и петгодишен маж загина во лавина на планината Пирин, во близина на скијачкиот центар Банско, по што следеше спасувачка акција за да се пронајдат уште неколкумина скијачи затрупани со снегот, објави бугарската планинска служба
Според првичните информации, лизгањето на огромна снежна маса било предизвикано од скијачи и сноубордери кои се спуштале од врвот Тодорка. На терен биле испратени и кучиња специјално обучени да пребаруваат во услови на лавина.
Поради повисоките температури во изминатите денови, условите за скијање надвор од означените патеки е опасно и постои ризик од лавини, предупреди Бугарската планинарска асоцијација.