Нова градинка стои заклучена и празна поради партиски инаети

Објектот е готов, но градинката во Арачиново никако да се отвори. Како што изгледа тоа се случува поради лични инаети. Министерот за социјална политика и демографија, Фатмир Лимани, вели дека без јавно да се извини градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибрахими, кој го нарече „нелегитимен министер“ нема да даде потпис за вработувања.

За повеќе, градоначалникот на Арачиново, треба да се извини јавно за делот на изјавата дека јас сум нелегитимен министер и моментално тој да се одреди, дали јас сум или не легитимен, кога тој ќе се увери дека сум легитимен и истовремено и мојот потпис ќе биде легитимен, изјави министерот за социјална работи и демографија, Фатмир Лимани.

Но градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибрагими, рече дека ќе им се извини на 20-те илјади жители од Арачиново, кои немаат детска градинка во нивната општина.

Јас сметам дека заедно треба да им се извиниме и на Светската банка и на граѓаните на Арачиново и на децата кои се најсветото нешто што ни го подари Господ, за нив ние работиме, на нив да им овозможиме, изјави градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибрахими.

Не само во Арачиново, но има и четири други градинки кои се изградени, како во Чаир, Матејче, Тетово и Теарце, но ниту една од нив не е пуштена во функција.

Back to top button
Close