Словенија го забрани величење на четниците и усташите

Парламентот на Словенија гласаше за измена на Законот за зачувување на јавниот ред и мир, со кој се забранува величење или истакнување симболи поврзани со нацизмот и фашизмот.

-Забраната се однесува на земји, организации и групи, т.е. знамиња, симболи, песни, униформи, дури и однесување што би сугерирало глорификација на нацизмот и фашизмот, пишуваат медиумите во Словенија.

Следствено, во листата на забранети биле вклучени и четници и усташи, заедно со словенечките соработници на фашистичките сили.

Казната за прекршителите на законот ќе изнесува од 500 до 1.000 евра, предвидуваат усвоените измени на Законот за зачувување на јавниот ред и мир.

За гласаа 48 делегати, а шест беа против. На седницата за време на гласањето не присуствуваа претставници на СДС, чиј претседател е Јанез Јанша, поранешен премиер на Словенија во три мандати

Back to top button
Close