Искра Хаџи-Василева и официјално е именувана за нов шеф на ОЈО ГОКК
Советот на јавните обвинители на денешната седница официјално ја именуваше Искра Хаџи-Василева за нова раководителка на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

Одлуката за нејзиниот избор ќе стапи во сила на 14 ноември годинава, кога официјално му истекува мандатот на досегашниот раководител на ова обвинителство, Ислам Абази.
На седницата, Советот на јавните обвинители донесе одлука Ислам Абази да биде распореден во Вишото јавно обвинителство во Гостивар.Хаџи-Василева беше избрана за нова раководителка на ОЈО ГОКК откако освои 64 гласа, а нејзиниот противкандидат Трајче Пеливанов доби 57 гласа.





