Истражителите се сомневаат дека групата користела закани, насилство и уцени за да стекнува противправна имотна корист.
Во рамките на акцијата биле извршени претреси на повеќе локации, вклучително и во нотарска канцеларија и менувачница, а неофицијално биле пронајдени поголеми суми пари, возила и документација.
Од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција потврдија дека се спроведува полициска акција за обезбедување докази поврзани со кривичните дела изнуда, перење пари и други приноси од казниво дело и несовесно работење во службата.
Акцијата ја спроведува Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, под координација на јавен обвинител. Засега нема официјална потврда за апсењето на Петровски, ниту информации за вкупниот број приведени лица. Од Обвинителството најавуваат повеќе детали по завршувањето на полициските активности.