Новиот шеф на сириската дипломатија го предупреди Иран да не сее хаос во Сирија

 Новоименуваниот министер за надворешни работи на Сирија, Асад Хасан Ал Шибани, го предупреди Иран да не сее хаос во земјата.

„Иран треба да ја почитува волјата на сирискиот народ, како и суверенитетот и безбедноста на државата. Ги предупредуваме да не внесуваат хаос во Сирија и ги сметаме одговорни за последиците од нивните последни изјави“, напиша Шибани на платформата Икс.

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хаменеи, во неделата изрази увереност дека младите Сиријци ќе им се спротивстават на новите власти, кои произлегоа од сунитските бунтовнички и исламистички групи што го соборија претседателот Башар ал Асад претходно овој месец.

Иран потроши милијарди долари и распореди свои елитни воени единици за да го поддржи режимот на Асад за време на 13-годишната граѓанска војна. Падот на Асад се смета за тежок удар за предводената од Иран „Оска на отпорот“ против Израел и САД. ссм

Back to top button
Close