Шпанскиот премиер го нападна Маск: Најбогатиот човек на светот ја предводи крајната десница
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска го нападна милијардерот Илон Маск за мешање во европската политика, обвинувајќи го за поткопување на демократијата.
„Меѓународната екстремна десница, на која со години ѝ се спротивставуваме во Шпанија, а која во овој случај ја предводи најбогатиот човек во светот, отворено ги напаѓа нашите институции, поттикнува омраза и отворено ги поддржува наследниците на нацизмот во Германија“рече Санчез за Маск, кого конкретно не го именуваше.
Санчез зборуваше во Мадрид по повод 50-годишнината од смртта на диктаторот Франциско Франко.
Маск, кој ќе биде надворешен советник на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за подобрување на ефикасноста на владата, ја спомна Шпанија денеска на својата платформа на социјалната мрежа Икс, коментирајќи статија во која се тврди дека странците се најмногу виновни за силувањата во североисточната шпанска провинција Каталонија.
Санчез рече дека демократијата е кревка и дека заканата е егзистенцијална.
„Ако историјата нè научи нешто, тоа е дека слободата никогаш не се добива трајно“,рече тој