Маск отворено го навреди премиерот Трудо: Девојко, ти повеќе не си гувернер на Канада

Канадскиот премиер Џастин Трудо рече дека „нема ниту теоретски шанси“ Канада да стане 51-та американска држава. Набрзо доби одговор од американскиот мултимилијардер Илон Маск.

„Нема ниту теоретски шанси Канада да стане дел од Соединетите Држави. Работниците и заедниците во двете наши земји имаат корист од тоа што меѓусебно се најголеми трговски и безбедносни партнери“, рече Трудо преку Х.

„Девојко, ти повеќе не си гувернер на Канада, па не е важно што ќе кажеш“, одговори Маск.

Трудо најави дека ќе поднесе оставка

Back to top button
Close