Сиљановска Давкова, Мицкоски и Гаши на ручек за именденот на г.г. Стефан

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, со задоволство ја прифати поканата на Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан да биде дел од прославата и празничната трпеза по повод неговиот именден – празникот на светиот првомаченик, архиѓакон Стефан.

Покрај искрените честитки, таа му посака добро здравје и изрази желба за понатамошно успешно извршување на важната мисија на духовен чувар и водач на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

За време на прославата, на која беа присутни носителите на највисоките државни функции – премиерот Христијан Мицкоски и собранискиот спикер Африм Гаши, беше потенцирана важноста на духовната сплотеност и заедништво во градењето, застапувањето и одбраната на националните интереси.

 

Back to top button
Close