ВМРО-Народна: Српската окупација во очите на новата Влада ни се претставува како романтично минато и општа историја
ВМРО-Народна на Љубчо Георгиевски бара ревизија на дел од македонската историја. Според партијата, во изминатите десеттина дена во Македонија останаа неодбележани два важни датуми од изворната македонска историја.
-Прво, почитта кон саможртвата на тетовчанката Мара Бунева која во одмазнички акт го убива српскиот јавен обвинител Велимир Прелиќ како одговорен за затворањата, убиствата и крвничките претепувања на 27 македонски студенти во тоа време. Овој настан по возобновувањето на старото ВМРО во деведесеттите беше одбележуван како симбол против српската окупација на Македонија.
– Advertisements –
Вториот настан или „Крвавиот Божиќ“ во македонската изворна меморија е врежан пак како симбол на Македонија под титовата југословенско комунистичка диктатурасо кој почнуваат тортурата и убиствата на илјадници македонци кои од 1945 година се залагаат за самостојна и независна Македонија, појаснуваат од партијата на Георгиевски.
Со жалење можеме да констатираме дека, додаваат од ВМРО-Народна, „денеска на власт е партија која во својот предзнак го носи името на ВМРО и со целата досегашна политика прави максимални напори за рехабилитација и ревизија и на двете југославии во свеста на македонските граѓани“.
-Српската окупација во очите на новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ни се претставува како романтично минато и општа историја, а титовата Југославија ни се претставува како идеална приказна. Игнорирањето на овие два симболични настани од страна на актуелната Влада најдобро покажуваат зошто ни е потребна ревизија на историјата и тоа не поради тоа што некој друг го бара туку заради нас самите и поради сите македонски жртви кои се дадени во борбата против двете Караѓорѓевата и Тиова Југославија, стои во партиското соопштение