Стармер: Со Трамп разговарав за цврст и чесен мировен договор за Украина

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека со американскиот претседател Доналд Трамп разговарал за мировниот договор за Украина кој ќе биде цврст и чесен, додавајќи дека Британија е подготвена да испрати војници на терен и авиони за да ја поддржи земјата.

„Разговаравме за планот за постигнување мир кој е цврст и чесен, кој на Украина ќе и помогне во обликувањето, поддржан од сила, за да се спречи (рускиот претседател Владимир) Путин да се врати по повеќе“, рече Стармер во Белата куќа.

Стармер рече дека Велика Британија е подготвена да испрати војници на терен и авиони за да го поддржат договорот, работејќи заедно со своите сојузници, бидејќи тоа е единствениот начин мирот да трае.

По неговата посета на Вашингтон, Стармер во недела ќе биде домаќин на лидерите на Италија, Германија, Полска и други сојузници за да разговараат за нивниот одговор на напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за постигнување мир во Украина, кои вклучуваат и радикално преиспитување на безбедноста на европскиот континент

Back to top button
Close