Истражување: Спиењето е круцијално за здравјето.По три дена без сон човекот не може јасно да зборува или да оди нормално
По три дена без сон, човекот, обично, не може јасно да зборува или да оди нормално. После уште два дена, тој или таа најверојатно ќе почне да халуцинира и ќе биде на работ на ментален слом.
Со други зборови, науката потврдува дека недостатокот од сон е лош за здравјето. Дури и без да се изложувате на екстремна будност со денови, зачестените ноќи без препорачаните 7-8 часа спиење може да доведат до сериозни здравствени последици. Тим лекари и научници открија дека „неоптималниот“ сон мерен во текот на пет години може да доведе до 29 отсто зголемување на опасноста од „смрт од сите причини“, се вели во ново истражување објавено од Американската медицинска асоцијација (AMA) и Институтот за дијабетес „Дасман“ во Кувајт.
Проучувањето опфатило 46.000 луѓе. Наодите, пак, ја истакнуваат „потребата да се одржи здраво времетраење на спиењето со текот на времето“, за да се остане здрав и да се спречи можноста од рана смрт.
Написот објавен во „Журналот за имунологија“ (The Journal of Immunology) покажува како една ноќ проследна со слаб сон кај здраво младо возрасно лице негативно влијае на имунолошките клетки. Научните наоди укажуваат дека долгорочното лишување од сон може да ја зголеми веројатноста дека лицето ќе биде поподложно на воспаленија, но и на послаб имунолошки систем, смета АМА, којашто, секако, советува најмалку 7 часа сон.
Научниците, така, дошле до заклучок дека – иако прекумерната тежина придонесува за поголема веројатност за воспаление во телото, она што тие го нарекоа „посредни анализи“ покажува дека „нарушувањето на спиењето независно придонесува“ за воспаление без оглед на тоа дека вишокот килограми е фактор или не е.