Научниците открија протеин кој предизвикува стареење

Седа коса, брчки, постепено биолошко пропаѓање – за ова е одговорен протеинот АП2А1. Дали ова откритие ќе го продолжи животот во иднина и ќе овозможи терапии за болести предизвикани од стареење?

Се е минливо, човекот старее. Човештвото долго време го бара изворот на вечната младост. Производите кои наводно го забавуваат стареењето се исклучително барани.

Јапонските научници сега открија протеин кој го предизвикува процесот на стареење. Ако е блокиран, стареењето на клетките може да се забави или дури и да се промени. Луѓето не само што би живееле подолго, туку би можеле да се ублажат и болестите поврзани со стареењето како остеопороза, срцеви заболувања, некои видови рак или невродегенерација. Можеби некои од овие болести би можеле да се спречат пред да се појават првите симптоми.

 

АП2А1 протеинот ги зголемува клетките и ја намалува нивната активност

Во процесот на стареење, клетките постепено се помалку активни. Веќе не се делат, но и не умираат. Оваа состојба се нарекува стареење или „стареење на клетките“, не само што се стари, туку се и значително поголеми. Веројатно тоа го предизвикуваат протеини кои ги „задебелуваат“ влакната во страничните ѕидови и така ги прават помалку подвижни.

„Фасцинантен показател е дека старечките клетки се многу подебели од младите клетки, што покажува дека протеините во овие влакна помагаат да се одржи нивната големина“, вели водечкиот научник Пираван Чантахотикул.

 

Причини, а не симптоми

Научниците идентификуваа протеин (Adaptor Protein Complex 2, Alpha 1 Subunit) кој претежно се наоѓа во старечките клетки.

„Сузбивањето на АП2А1 во постарите клетки го промени стареењето и почна да го стимулира обновувањето на клетките, додека индицирано преголемо присуство на протеинот во помладите клетки го забрза процесот на стареење“, рече Шинџи Дегучи, главен автор на студијата.

Сигурно ќе биде потребно извесно време

додека ова стручно откритие не најде практична примена. Но, за разлика од многу производи кои ветуваат подмладување, откритието всушност може да придонесе за подолг живот и подобро здравје. Имено, овде не би се потиснале симптомите на стареење, туку клеточните причинители на тој процес(dw)

Back to top button
Close