Полскиот претседател: Им реков на Американците да го преместат нуклеарното оружје кај нас
Полскиот претседател Анджеј Дуда ги повика Соединетите Држави да го пренесат нуклеарното оружје на полска територија како средство за одвраќање од идната руска агресија, објави утринава „Фајненшл тајмс“.
Дуда рече дека неодамна разговарал за оваа можност со специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина и Русија, Кит Келог.
„Границите на НАТО се поместија на исток во 1999 година, така што 26 години подоцна, инфраструктурата на НАТО исто така треба да се движи кон исток. За мене тоа е очигледно“рече Дуда во интервју за „Фајненшл тајмс“.
Полскиот претседател додаде дека безбедносната ситуација би била поповолна доколку ова оружје веќе се наоѓа во Полска