Хрватскиот премиер Пленковиќ опериран поради срцева аритмија

Според неофицијални информации, премиерот треба да биде отпуштен од болница во рок од 24 часа. Локалните медиуми пренесуваат дека Пленковиќ бил буден и стабилен кратко по интервенцијата, која започнала околу 19 часот и завршила два и пол часа подоцна.

„Премиерот Пленковиќ вчера вечер беше хоспитализиран во Клиниката за кардиоваскуларни болести при КБЦ Загреб, каде што беше подложен на рутински зафат за корекција на срцева аритмија. Интервенцијата беше планирана и изведенавo најдобар ред“, соопшти владин портпарол.

Back to top button
Close