ВИДЕО: Мицковски и Клековски посетија повредени само со маски но се обидоа да се бранат со невистини. По објаавување на видеото реагираше лекарската комора.

Премиерот Мицковски и директорот на здравствениот фонд влегуваат кај повредените од Кочани вчера кај повредените само со маска на устата иако според протоколите кај пациенти со изгореници несмее никој да влезе заради контаминација и затоа и на семејствата не им се дозволува да влезат заради безбедност на хоспитализираните кои се строго изолирани. Мицковски на новинарот на Телма му се правдаше дека тој не влегувал со камери како што рече некој други и не ги посетувал заради личен пи ар. Директорот Клековски прво се обиде да го излаже новинарот дека не биле само со маски туку со комплетна специјална опрема но од кога новинарот му покажа видео снимки го смени оправдувањето со тврдење дека е дел од кризниот штаб и затоа влегувале што исто така е невистина.

Видеото погледнете го тука

FDownloaderNet-AQPoHFwOkclAtHpgI

Лекарската комора од кога најверојатно го видела видеото кое денеска е објавено се јави со реакција.

Реакција на Лекарска комора

Од Лекарската комора апелираат здравјето на повредените во пожарот во Кочани да е врвен приоритет.

Оттаму ја поздравува навремената реакција на надлежните институции во нашата земја, како и срдечната помош и поддршка што ја даваат другите држави со згрижување на најтешко болните пациенти повредени во пожарот во Кочани.

„Овој начин на организација е клучeн зa пациентите да добијат вистинска шанса, со соодветна и високо стручна медицинска помош, да ја надминат тешката здравствена состојба во која се наоѓаат. Поддршката што ја добиваме од другите држави, како со згрижување на пациентите, така и со лекарска експертиза, заедно со посветената работа на нашите доктори, е, најважна во овие моменти за да се спречи да расте бројката на трагично загинати, наведуваат во соопштението од Лекарската комора.

Апелираат и да се почитуваат медицинските протоколи за лекување и заштита на ваков тип пациенти, кои предвидуваат изолација и забрана за посети.

„Мора да се има предвид дека овие болни имаат мултисистемско засегање на организмот и зголемен ризик од инфекции. Секој дополнителен контакт со надворешни лица, директно и сериозно, може да го загрози нивното здравје. Присуството на цивилни лица кај овие болни, исто така, може да предизвика и непотребен стрес и вознемиреност, како и да го попречи работењето на медицинскиот персонал, посочуваат од Комората.

Ги повикуваат сите институции, политичари, медиуми, граѓани и здравствени работници, да ги почитуваат медицинските протоколи, а здравјето на повредените да го сметаат за највисок приоритет

фото Мицковски и Клековски во посета на повредените од Кочани

Back to top button
Close