25 години работа во 8 книги подготви невропсихијатарот Д-р Чепреганов за време на полициските корона часови

Невропсихијаторот-епилептолог проф. д-р Методи Чепреганов периодот со рестриктивни мерки на движење изминативе месеци поради пандемијата на коронавирусот го искористи за да ги собере 25-те години работа во осум книги. Со тоа, вкупно во својата децениска работа, 84-годишниот македонски и светски признат експерт за болести на мозокот има објавено 47 книги, пишува СДК.

Станува збор за книгите „Бела маса“, „’Рбетен мозок (клинички синдроми и неуроимејцинг дијагностика)“, „Исхемии во мозокот“, „Венозни мозочни тромбози“, „Медуларни васкуларни акциденти“ , „Кортикални малформации и факоматози“ „Мозочни хеморагии“ и Персоналната биографија, која ја издала Народната библиотека од Штип.

„Во Франција научив три работи, прво и основно е да се научите да бидете одговорни, втората работа е консултација, а трето е дека пред завршувањето на работното време секогаш ги групиравме пациентите по групи на болести, за утре ако ти треба мултиплекс склероза, тумори, мозочни крварења, мозочни исхемии, си ги имаш по групи, само ќе си ја отвориш и ќе си ги напишеш. Тој принцип јас го задржав овде 25 години, и во мојот компјутер имам 80 илјади пациенти, кои секој ден си ги групирав по природата на болеста. Јас сум дел од енциклопедиска француска група и секој ден ме хранат, јас тој труд го ставам внатре, да не излезе дека за 4 месеци напишав 8 книги. Ова се книги 25 години пишувани, сега само имав време и можев да ги исфиниширам“, вели д-р Чепреганов за САКАМДАКАЖАМ.МК.

Повеќе тука.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close