Албин Курти поднесе оставка


Курти наводно испратил писмо до Секретаријатот на косовското Собрание. Согласно законот, оние кои добиваат мандат за пратеници и истовремено имаат функции во Владата на Косово, како премиер, вицепремиер, министер или заменик министер, мора да поднесат оставка од владината функција.

За потсетување, конститутивната седница на косовското Собрание денеска беше прекината откако не беше усвоен извештајот на комисијата за верификација на пратеничките мандати.

Според законот, оние кои добиваат мандат како пратеници, а се и дел од косовската влада, извршувајќи извршна функција како што се: премиер, вицепремиер, министер или заменик министер, мора да поднесат оставка од својата извршна функција.

Тоа е затоа што, според деловникот, тие не можат истовремено да бидат пратеници и дел од извршната власт.

„Од 23 март, кога истече целосниот четиригодишен мандат на нашата влада, таа функционира како техничка влада во оставка. Во согласност со Уставот и важечките закони, изјавата што ја дадов и прифатив од ЦИК на 27 март 2025 година, како и мојата јавна функција истиот ден, jас всушност поднесов оставка заедно со владиниот кабинет. Со цел да положам заклетва како пратеник во Собранието на Република Косово, од деветтото свикување, официјално поднесувам оставка од извршната функција, која стапува на сила од претходно споменатиот датум, во согласност со Уставот и важечките закони“, се вели во писмото за оставка на Курти.

Во Приштина денеска почна конститутивната седница на косовското Собрание на која се очекува новоизбраните пратеници да положат заклетва и да го изберат претседателот на Собранието. Како што јави репортерот на Еуроњуз Србија, седницата почнала со еден час задоцнување, околу 11 часот, а набрзо била закажана пауза на која биле верификувани мандатите на пратениците од деветтото свикување на косовското Собрание.

Back to top button
Close