Да ја напуштат Владата и да се обединиме“: Села со понуда до Вреди

Да ја напуштат Владата и нека дојдат да се обединиме за да направиме доволен притисок. Да одиме и на предвремени парламентарни избори, заедно со локалните“, рече претседателот на Алијансата за Албанците, дел од Европскиот фронт, Зијадин Села во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 за коалицијата Вреди.

На прашањето зошто треба да се обединат албанските политички партии, тој одговори:

„За да постигнеме влада која нема да се соочи со политички субјекти што се избрани според желбата на овој или оној политички камп, туку ќе бидат таму за да реализираат 6, 7, 8 работи кои се во интерес на Албанците. Имаме неколку приоритети кои се веќе дефинирани во политичките програми, а сега ни се додадоа уште. Треба да се договориме и за начинот на кој ќе се владее“, рече Села.

Back to top button
Close