На погребот на папата Франциск се очекуваат над 200.000 лица

За погребот на папата Франциск се очекува в сабота наутро на плоштадот Свети Петар во Ватикан да присуствуваат над 200.000 луѓе, оцени Комитетот за јавен ред и безбедност на седница со која претседаваше италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедоси.

Во Рим се очекува да пристигнат најмалку 100 странски делегации.

Како што е најавено, повеќето странски делегации ќе пристигнат во Рим в сабота и ќе заминат во текот на денот, додека американскиот претседател Доналд Трамп се очекува да пристигне во Рим вo петок.

Папата Франциск, роден како Хорхе Марио Бергољо во Буенос Аирес, Аргентина, беше првиот папа од Латинска Америка.

Тој почина на 21 април на 88-годишна возраст, а директорот на Управата за здравје и хигиена на Ватикан, Андреа Арканџели соопшти дека папата починал од мозочен удар и срцева слабост.

Како што соопшти Канцеларијата за литургиски настани во Ватикан, тој ќе биде погребан в сабота на 26 април.

Back to top button
Close