Пропаднал обидот за апсење на Милорад Додик

Припадниците на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) се обидоа да го уапсат претседателот на Република Српска, Милорад Додик, во Источно Сараево, дел од главниот град на Босна и Херцеговина (БиХ) со мнозинско население на Срби.

Агентите на СИПА се обидоа да му достават налог за апсење на Додик, претседателот на еден од двата ентитета на Босна и Херцеговина, додека тој беше на состанок со претставници на локалните власти во Источно Сараево.

„СИПА го прекрши законот, нема право да дејствува на територијата на Република Српска“, рече Додик.

Оваа агенција постапуваше по претходна наредба на судот на Босна и Херцеговина, кој го обвини Додик, како и претседателот на Собранието на РС, Ненад Стевандиќ, за „напад на уставниот поредок на БиХ“.

Седиштето на СИПА е во источно Сараево, на само неколку стотини метри од линијата што ги дели двата ентитета – Босна и Херцеговина и Република Српска.

Back to top button
Close