Судот и го одзема пасошот и и забрани „одредени активности“ на осомничената прва антикорупционерка
Татјана Димитровска, претседателка на Државната комисија за спречување корупција остана без пасош, откако доби статус на осомничена во случајот „Адитив“. Според неофицијални и непотврдени информации, таа се сомничи дека издала службена информација. Од Обивнителството, рекоа дека детали ќе соопштат во текот на утрешниот ден.
Таа како што објави 360 е осомничена по вештачење на телефоните на обвинетите во скандалот Адитив и е осомничена дека издала слуѓбена тајна.
„Во однос на осомничената Т.Д. која доцна попладнево беше изведена пред судија на претходна постапка во однос на продолжување на акцијата во јавноста позната како “Адитив”, по нејзино произнесивање во однос на предлогот на ЈО за определување мерки за претпазливост, донесено е решение со кое СЕ ПРИФАЌА предлогот на ОЈО ГОКК и се опредлуваат мерки за претпазливост согласно точка 3 и точка 7 односно Привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова; и Забрана за преземање на одредени работни активности поврзани со кривичното дело“, велат од Кривичен суд.