(ВО ЖИВО + ГАЛЕРИЈА) Од 5:30 утрово стотици илјади верници во Ватикан на последното испраќање на Папата
Контролните пунктови во Ватикан се отворија во 5:30 часот наутро, а многу граѓани веќе беа пред портите чекајќи одобрение за влез на плоштадот. „Веќе во 5:30 часот, стотици луѓе се собраа пред портите. Исто така, имаше многу свештеници и калуѓерки кои пристигнаа решени да не го пропуштат овој настан“, пишува „Ла Стампа“.
Улиците на Рим се затворени и поради погребот на папата, како и бројни безбедносни протоколи во сила поради пристигнувањето на светските лидери, вклучувајќи го и американскиот претседател Доналд Трамп.
Безбедносните планови вклучуваат борбени авиони „Еурофајтер“, оружје што се користи против беспилотни летала и илјадници полицајци што ќе патролираат по улиците. Италијанскиот весник „Ла Стампа“ објави дека папата ќе го направи своето последно „земно патување“ на познатиот папамобил, кој е претворен во мртовечко возило.
По погребот, гробот на папата Франциск ќе биде достапен за верниците од недела наутро